Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Милошоски повика на внимателност за уставните измени: Реформи - да, уцени - не

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Antonijo-Milososki-06.03

Пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи го објави својот став по повод вчерашниот самит во Брисел:

„Одлуките на вчерашниот самит во Брисел покажаа дека проширувањето на ЕУ од политика на заслуги се трансформирала во буџетско-политичка трговија. Европската Комисија пред неколку дена одмрзна блокирани 11милијарди евра за официјална Будимпешта, а за возврат Унгарија ја напушти седницата и овозможи без вето да се донесе одлуката за почеток на преговорите на ЕУ со Украина.

— реклама —

Со цела почит кон Украина и Молдавија, но оваа одлука за почеток на преговорите за членство повеќе личи на гео-политички поклон, отколку на заслужен чекор врз основа на постигнати реформски стандарди или унапредени добрососедски односи. Со ваквата одлука се потценуваат децениските напори на сите земји од Западниот Балкан, на кои ветувањата за европска перспектива дадени уште на Солунскиот самит 2003 година денес со право им изгледаат како излитени фрази.

— реклама —

Дополнително, со ваквите одлуки се потврди дека доколку повлијателните членки на ЕУ сакаат да донесат одлука за почеток на преговорите со земји како Македонија или Албанија, тоа можат да го решат во рок од 8 часа, без разлика дали внатрешниот формален кочничар се вика Бугарија или Грција. Но, таква политичка волја очигледно нема. Примерот на 12 годишните преговори кои ги водат Црна Гора и Србија, а не се стигнати до никаде, најдобро покажува дека со нашиот регион дел од членките на ЕУ сакаат поцврсти врски, заеднички проекти, интеграција до одреден степен, но не и полноправно членство.

— реклама —

Затоа треба да бидеме претпазливи кон барањата за уставни промени и да имаме јасен државен став, реформи ДА, уцени НЕ. Бидејќи на крајот ваквата ЕУ политика на тргување со процесот на проширување може да заврши со трауматични концесии, а без полноправно членство.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања