Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на кој по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев, објави Вечер.мк.
Како што пишува порталот на снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.
Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.
Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.
Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата и.
Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.
Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови.
Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани Октомври Ноември 2018 година.