Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Милошоски уште еднаш ги повика Османи и Димитров на дискусија за разговорите со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
milososki

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, ги повика вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да излезат пред пратениците и да го достават предлог-анексот кој бил врачен од Софија, уште во ноември минатата година.

— реклама —

Милошоски во писмо адресирано до Османи и Димитров им порачува да изберат термин што би им одговарал во периодот од 15 до 29 јануари и да излезат пред Комисијата.

— реклама —

„Пратениците, како претставници на граѓаните, имаат право да бидат запознаени со најновиот развој на настаните во македонско-бугарските односи, а вие како претставници на извршната власт имате обврска да се појавите пред пратениците и да доставите информации на нивно барање, согласно начелото на поделба на власта и воспоставените стандарди во државите членки на ЕУ“, пишува Милошоски во писмото до Османи и Димитров.

Милошоски на социјалните мрежи во оваа насока коментира дека крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските по Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот.

Тој обвини на нетранспаретност на Владата во однос на преговорите и посочи дека сè  додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, истите ќе наликуваат на приватни пазарења помеѓу претставниците на владите во двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања