Промени тема
Контакт

Милошоски: Ваквата провокација од Бугарија е последица од гласањето на СДСМ и ДУИ за бришење на АСНОМ од Уставот на Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Milososki-20.04.2022

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, при денешната посета во Велес одговараше на новинарско прашање поврзано со изјавите на министерот Османи за случајот со Ванчо Михајлов и дали очекува Ковачевски да ги осуди потезите на Бугарија за промоција на ликот и делото на Михајлов и рече дека објавата на Ковачевски на ФБ профилот, со која повеќе наликува на бугарскиот политичар Слави Трифонов кој не дава изјави пред новинари и дебатни емисии со соговорници од другата страна, туку некои видео-изјави на социјалните мрежи. Милошоски рече дека и со самата изјава на министерот Османи се потврдува дека македонската влада, Ковачевски и Османи знаеле за доаѓањето на бугарската делегација и преку МВР и МНР асистирале за чинот кој се случи во Битола.

- Тоа беше понижување и за Битола и за целата Македонија и провокација која не ги зближува ниту Македонија со Бугарија ниту обратно, туку создава дополнителен раздор. Јас само би потенцирал дека ова што се случи во Битола како чин на дрска провокација кон македонскиот народ е последица на гласањето од декември 2018-та година кога 64 пратеници на СДСМ и нивната коалиција, гласаа за бришење на одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија и кога вие гласате за бришење на одлуките на Антифашистичкото собрание од Уставот, тогаш ова се последиците.

— реклама —
— реклама —

Ние како опозиција предупредувавме дека не треба да се менуваат и да се бришат одлуките на АСНОМ, но СДСМ и ДУИ го направија тоа што го направија заедно со ЛДП, ДОМ и другите коалициски партнери и сметам дека овие последици се резултат на таквите поданички политики кои што ги донесоа со 64 пратеници во декември 2018 година.

— реклама —

Се надевам дека министерот Османи ќе има доблест во најмала рака да си поднесе оставка за ваквата провокација која се случи со негово знаење – кажа Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања