Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во своето интервју за Македонското Радио се осврна на состојбите на македонската дипломатија и испразнетите 25 амбасадорски места во клучни амбасади.
– Оставањето на 25 празни амбасадорски места е неодговорно однесување на власта и на носителот на таа одговорност, Министерството за надворешни работи. Ние слушаме дека има коалициски недоразбирања кој да биде амбасадор во Вашингтон, дали треба да го има ДУи, дали треба да го има СДСМ или да биде испратен кариерен дипломат, но тие недоразбирања во коалицијата не смеат да бидат оправдување за оставање на празни амбасадорски места како што се Вашингтон, Брисел-Белгија, Брисел-НАТО, Рим, Копенхаген, Хаг и многу други клучни позиции- рече Милошоски.
Според Милошоски тоа одиграло улога во слабоста на сегашното министерство за надворешни работи да направи соодветна проценка како ќе заврши Самитот во Брисел на ЕУ. Тоа истовремено резултираше недоволните информации, анализи и проценки.
– Сега во овој период на два месеци од детронизирањето на премиерот во заминување, Заев, и на два месеци од формирањето на техничка влада, Заев и Димитров треба да размислат дали по секоја цена ќе туркаат пополнување на амбасадите со цел да задоволат одредени партиски, коалициони или лични обврски кон одредени луѓе-истакна Милошоски.