Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Милошоски во обвинителство ја достави и втората „бомба“ за Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
milososki

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно беше кај шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска за да ѝ достави нови аудиоматеријали и транскрипти на кои се слуша доскорешниот премиер Зоран Заев.

— реклама —

– Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во Обвинителството и уредно беше направен записник. Затоа предлагам дека најдобро би било да го повикаат Зоран Заев во Oбвинителство да каже кој бил со него во владата и тие лица што биле со него да бидат повикани како сведоци. Овој пат ќе кажам дека има разлика, бидејќи и самиот Заев кажа дека неговиот глас e на снимките – изјави Милошовски.

— реклама —

Тој предлага и да се земат снимки од камерата на владата при што со сигурност може да се утврди кој во месец мај 2019 бил на разговор во владата и со која намера.

Инаку Милошоски ја пушти првата „бомба“ за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која тогаш се разгледуваше предлог-законот за јавно обвинителство. На снимката, наводно, разговараат Заев и друго лице за финансирање на телевизијата на Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања