Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Милошоски: Заев инсистира на небезбедни избори со помала излезност за да го ублажи својот пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
antonijo

Денес би имал две пораки да испратам, првата е дека ВМРО-ДПМНЕ е прилично задоволна од исходот на вчерашната лидерска средба кај претседателот  Пендаровски затоа што начелно беше прифатен планот кој што го понудивме во 4 точки, а тоа е консултација и извештај од Комисијата за заразни болести, консултација извештај и проценка од ДИК, потоа извештај и допис од ОДИХР кога ќе можат да испратат полна набљудувачка мисија и откако ќе се исполнат овие услови на крајот да се направи една сериозна анализа за определување на нов термин за одржување на безбедни, регуларни и кредибилни избори, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Втората работа која сакам да ја испратам како порака е дека за жал само господинот Заев кој што е претседател на СДСМ остана единствениот изолиран политичар кој што без разлика на потребата од сериозни анализи од здравствен и изборен аспект, лицитира со избори датуми. Но, за среќа ниеден друг претседател на политичка партија присутна на самиот настан не ги прифати неговите лицитации.

— реклама —

Зошто господинот Заев лицитира на ваков начин со датумот за изборите можеме само да претпоставиме, една од претпоставките е дека во последно време се повеќе анонимни дојавувачи така наречени свиркачи се охрабруваа за господинот Заев како премиер и за неговите поблиски соработници да споделуваат со нас материјали кои што се основани сомненија за одредени инкриминирани дејствија.

— реклама —

Веројатно и самиот е свесен за тој податок и сака лов во матно, односно организирање на небезбедни избори кои што би можеле да го намалат одѕивот на граѓаните, а со тоа Заев да го ублажи својот очекуван пораз.

— реклама —

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме спремни во секој момент да настапиме на избори, спремни сме да ја преземеме одговорноста, очекуваме добра победа  на ниво на цела Република Македонија, а исто така очекуваме од страна на господинот Зоран Заев и господинот Оливер Спасовски откако ќе се состави ново парламентарно мнозинство да има мирна транзиција на власта, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања