ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Минатата недела санкционирани се 179 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
119138098_756935295070800_8576783332003903521_n

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 179 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Во периодот од 07.09. до 13.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 73 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања