Во текот на мај 2022 година, во Република Северна Македонија, пријавено e вкупно 581 заболено лице од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со вкупна инциденца од 28,1 на 100.000 жители.
Во текот на месец мај се бележи зголемување на вкупниот број на пријавени лица за 70,4% во однос на претходниот месец април 2022 (n=341). Во однос на месец мај 2021 (n=182) се регистрира зголемување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 3,2 пати, а во однос на аритметичката средина за петгодишниот период се регистрира намалување од 69,0% (n=1.874).
Во вкупниот број на заболени во 2022 година, регистрираните случаи во месец мај учествуваат со 39,3%. Кумулативниот број на пријавените во 2022 (n=1.480) е зголемен во однос на кумулативата за истиот период во 2021 година за 2,7 пати (n=542). Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје (n=232; 39,9%), а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид (n=20; 3,4%). Највисока инциденца на 100.000 жители на ниво на ЦЈЗ е регистрирана на територијата на ЦЈЗ Кочани (I=72,2/100.000), а најниска е инциденца во ЦЈЗ Тетово (11,6/100.000).
Десетте најчесто пријавувани акутни заразни заболувања во месец мај учествуваат со 98,3% во вкупниот број на заболени во месецот и бележат инциденца од 27,6/100.000 жители.
/screenshot-2022-06-20-151303" rel="attachment wp-att-187484">
Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити) учествуваат со 87,1% во вкупниот број на заболени, а со 88,6% во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец мај 2022 година. Во текот на мај, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 3453 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 59,4%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 60,4%.
Во однос на претходниот месец април 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 85,5%. Во однос на месец мај 2021 се регистрира зголемување од 18,2 пати, а во однос на аритметичката средина се регистрира намалување од 61,2%.