Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Министерката Божиновска во работна посета на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
IMG_5005

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска ја прими министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

— реклама —

На работниот состанок, градоначалникот Пецаков и министерката Божиновска потпишаа меморандум за соработка.

— реклама —

Страните потписнички меѓусебно ќе соработуваат и взаемно ќе укажуваат помош и поддршка со цел размена на информации, податоци, искуства, знаења, едукација и обука како и остварување на други видови на соработка согласно законски утврдената надлежност на дветре страни.

Целта на Меморандумот е регулирање и воспоставување соработка помеѓу страните потписнички во зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти, домаќинствата и индустријата, промовирање на зелена транзиција преку градење на капацитетите и размена на вештини. Зголемување на свеста, помош при пополнување апликации за меѓунродни фондови и институции, обука и работилници.

— реклама —

Потпишаниот документ отвора можност за организирање на заеднички настани, подготовка на извештаи и други форми на соработка кои ќе бидат договорени меѓу двете страни.

— реклама —

На работната средба се разговараше и за финансиските обврски на локалната власт по однос на потрошена електрична енергија на јавните претпријатија, а се разгледаа и можностите за реализирање на заеднички проекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања