Министерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Image-1

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми.

— реклама —

„Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи“, рече министерката Царовска.

— реклама —

Министерката Царовска во Стразбур имаше работна средба со Заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП.

— реклама —

Батаини Драгони ги поздрави напорите коишто Владата на Република Македонија  и Министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања