Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Министерката Мизрахи го дементира А1 Он и бара јавно извинување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
rasela-mirzahi

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи испрати демант на текстот со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ во кој обвинува дека е крајно тенденциозен, полн со шпекулации и невистини и побара јавно извинување и „точно пренесување на информациите“.

— реклама —

  • Самиот наслов укажува на крајно несоодветен и навредувачки однос на А1он и новинарот Ландов кон министерката Рашела Мизрахи ословувајќи ја министерката како Мизрахи што е улична комуникација и недостојно претставување на позицијата која ја има министерката, бидејќи ниту го познава новинарот ниту пак имаат било каква комуникација за да се обраќа на тој начин. Дополнително г-ѓа Марија Апостолова, е државен службеник вработена во Владата на Република Македонија од 2011 година и своите должности ги обавувала во владите на Никола Груевски, Емил Димитриев и Зоран Заев, што значи дека г-ѓа Марија Апостолова не е советник на поранешниот премиер Никола Груевски, не е дел од советниците на поранешниот премиер Никола Груевски за што наведувате, ниту пак е инсталација како што наведувате и ја доведувате во заблуда јавноста, реагира Мизрахи.

Според министерката, крајно е сомнително и што текстот истовремено излегува со изјавата на Милан Живковиќ – претседател на комисијата за социјална политика и труд во СДСМ каде истите работи се потенцираат.

— реклама —

  • Сакаме да Ве прашаме дали го имате истиот однос кон министерот Никола Димитров и него го именувате како Амбасадорот на Груевски или преговарачот на Груевски?, прашува Мизрахи.

Од медиумот велат дека техничката министерка се обидува „во стилот на Никола Груевски“ да ги замолчи новинарите и дека остануваат на ставот дека информациите се точни и веродостојни и нема да се извинуваат.

  • И порачуваме на министерката Мизрахи дека нема да дозволиме да биде главен уредник и ја замолуваме да внимава на речникот и на квалификациите за новинарите. За конкретниот текст ја баравме и советничката Марија Апостолова за да се изјасни, но таа не одговори на повикот. Мизрахи со измислени деманти врши притисок врз А1он и ги навредува новинарите. Освен тоа, информацијата дека Апостолова била на листата советници и стручни соработници на поранешниот премиер е дел од јавен документ објавен на веб-страницата на Владата на 52 позиција на листата. па нејсано е што демантира Мизрахи. А1он, со доказите кои ги поседува, ќе ги извести сите меѓународни организации за притисокот од министерката на ВМРО-ДПМНЕ. Ја замолуваме министерката да не се обидува да го вовлекува медиумот во партиски борби и партиски да го етикетира, зошто со тоа нема ништо да сокрие ниту пак ќе не спречи да пишуваме за неа, реагираат од А1Он

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања