Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Министерката Шукова ќе дојде на протестот за „Иловица“: „Лично сум против нови рудници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, најави дека ќе присуствува на протестот против рудникот во Иловица, кој е закажан за утре во 11 часот во Струмица.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Министерката ја разбира загриженоста на граѓаните и лично вели дека е против нови рудници во државата, но го повтори ставот на Владата дека спојувањето на концесиите за „Иловица“ е од административна природа.

— реклама —

— реклама —

„Јас ќе се придружам утре во Струмица. Сакам да ги слушнам граѓаните и сакаме да бидеме дел од овој процес. Владата, во координација со премиерот и со другите министри, повторно ќе ја разгледа одлуката за спојување на двете концесии иако тоа во принцип не значи зголемување на концесискиот обем, туку административно спојување на две концесии“, рече Шукова додавајќи дека сме мала држава и земјоделството треба да ни биде приоритет.

Зад утрешниот протест стои иницијативата „Здрава котлина“. Активистите повторно се кренаа на нозе по информацијата што беше објавена во „Службен весник“ дека Владата на седница ги споила концесиите. Според одлуката, се спојуваат концесијата за експлоатација на злато и бакар во с. Иловица во општина Босилово заедно со концесијата за експлоатација на минерална суровина злато и бакар во општина Босилово и општина Ново Село. Ова се случи откога Управниот суд ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс“ против владината одлука за раскинување на договорот за една од концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, а Вишиот управен суд го врати предметот на повторно одлучување.

Од Министерството за економија порачаа дека не се менува фактичката состојба, туку се изменети координатите на доделените концесии во насока тие да преставуваат една целина. Велат станува збор за административна постапка со која само технички се спојува просторот на веќе доделените концесии. Министерството уверува дека рудник без согласност на граѓаните нема да има.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања