„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Министерката за финансии смета дека платите во администрацијата треба да се намалат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
29042020_MF_Angelovska_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, и како министер и како човек смета дека платите во администрацијата треба да се намалат. Според неа товарот на кризата треба да го понесат сите.

— реклама —

„Сметам дека треба да има намалување од аспект на состојбата во која се наоѓаме, кризна ситуација во која сите заедно зборуваме дека треба да сносиме дел од товарот. Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор коишто можеби овој период имаат намалени плати и кои загубиле работа. Ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид и мерките кои значеа намалување на работните активности на администрацијата, односно работа од дoма преку еден ден којашто се имплементираше, товарот треба да го понесеме сите. Од финансиски аспект се спроведе едно кратење во однос на реалокации на буџетски корисници со цел да се овозможат средства за реализација на мерките, бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор, тоа е сектор што ги генерира овие даночни приходи кои денес кажуваме дека се паднати за 31 %, а тие даночни приходи се користат за да се исплатат обврските, меѓу кои и платата на јавната администрација“, рече министерката Ангеловска.

Министерката нагласи дека потребата да се намалат платите на јавната администрација засега е само нејзин личен став, а Владата како колективен орган носи заеднички одлуки.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања