Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Министерката за култура да имаше две чисти ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се со историски наратив, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Minister-Bisera-Kostadinovska-Stojchevska-768x512-1

Скандалозната изјава на министерката за култура со која најавува цензура на културното творештво не е ништо друго освен спроведување на Протоколот на дело. Министерката позната на пошироката јавност како Скафандер меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми бидејќи тоа е враќање кон мрачни времиња и дека историјата била затвор која не ни давала напредок, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Да имаше две чисти од културата оваа министерка ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се направени токму на историскиот наратив. Затоа министерката за култура треба да си ги спакува куферите и да си замине од таа позиција, бидејќи и од скафандер министерка да е, премногу е!

— реклама —
— реклама —

Тоталитаризмот и цензурата која се обидува Костадиновска Стојчевска да ја направи е резултатот на капитулантската политика на владата на Ковачевски.

— реклама —

Сега Костадиновска Стојчевска секое дело во уметноста и културата кое нема да им биде по ќеф на Бугарија ќе треба да го игнорира и да не му дава државна помош. Ова е понижувачки и срамно, а изјавата на скафандер министерката е жива бедотија. Бидејќи на Костадиновска Стојчевска не и се допаѓа македонската култура, се срами и ја навредува македонската уметност, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања