Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Министерот Адеми оствари средба со генералниот секретар на ЦЕИ Антонионе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
received_306673366865426

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со новоназначениот генерален секретар на (ЦЕИ), Роберто Антонионе, кој во годината кога ЦЕИ ја одбележува 30-годишнината од формирањето ги посетува земјите со кои има соработка Инцијативата.

— реклама —
— реклама —

Министерот Адеми и господин Антонионе разговараа за досегашната соработка на Република Македонија со ЦЕИ и посебно се осврнаа на клучните теми за натамошно унапредување на односите и искористување на можностите што ги нуди ЦЕИ со размена на најразлични програми од областа на културата. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на трансферот на содржини и кадар меѓу земјите членки на ЕУ и оние што имаат статус или се потенцијални кандидати за влез во Европската Унија.

— реклама —

Генералниот секретар на ЦЕИ Антонионе и министерот Адеми разговараа за приоритетите на Иницијативата и за можноста за вклучување на сите чинители во културата од земјава во нивно остварување, а тие се однесуваат на: промоција на интеркултурниот дијалог, негување на културните различности, заштита на културното богатство, поддршка на креативните индустрии, развој на културната дипломатија и подобрување на социјализацијата на луѓето со попреченост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања