„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Министерот Адеми се сретна со амбасадорот на Република Словачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
50618167_2267494439941287_850448784973365248_n

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрих Маркуш.

— реклама —

„На средбата беа споделени искуства од неколкугодишната соработка во областа на културата и уметноста меѓу двете земји, која е регулирана со Договорот за соработка потпишан меѓу двете министерства.

Министерот Адеми и Н. Е. Маркуш ги потврдија заложбите за афирмација и зближување на двете култури за кои досега се залагаа двете земји, кои се забележуваат во преводната литурата, во гостувањето на словачки поети на Струшките вечери на поезијата, во учеството на македонски изведувачи на манифестации во Р Словачка, а говореа и за заедничките проекти во кои се вклучени двете земји, и тоа во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, во одбележувањето на 24 Мај - Денот на словенските просветители Кирил и Методиј што секоја година се реализира во седиштето на УНЕСКО во Париз со пригодни настани, како изложбите: „Светското културно наследство на словенските земји“, „Мојот портрет за музејот“, „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал“ и „Словенските карневали“, како и во рамките на заедничкиот проект „На маса со Словените“. Во иднина се очекува соработка меѓу нашите две држави и во рамките на долгорочниот проект „100 словенски романи““, велат од Министерството за култура.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања