„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Министерот Бектеши ги посети компаниите во Полошкиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
15

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги посети компаниите од Полошкиот регион. Бектеши се сретна со управата на компанијата „Везе Шари“ во тетовското село Требош како една успешна компанија во Македонија која бележи раст на производството и извозот секоја година.

— реклама —

– Нашите мерки за помош на компаниите имаат за цел зголемување на нивното производство, нивната конкурентност на пазарите во регионот и пошироко, а со тоа и зголемување на вработувањата. При денешната посета на „Везе Шари“ од управата ме запознаа со нивните идни планови за зголемување на капацитетите. Мерките за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото беа спроведени во текот на 2018 година и резултатите покажуваат дека со нив ќе продолжиме и во оваа година како наша потврда дека покрај странските инвеститори ние ќе продолжиме со силна подршка и на домашните производители и компании – рече Бектеши.

Сопственикот на „Везе Шари“ Арбен Абдурахмани, рече дека денешната средба со министерот Бектеши била коректна и во ова прилика размениле идеи и искуства, како и што да се направи подобро во иднина за поуспешни резултати.

— реклама —

– Соработката со Министерството е на високо ниво и никогаш оттаму не недостасувала подршка за нашите планови. Очекуваме дека со ваква соработка ќе продолжиме и понатаму особено околу законското решение за биогасните централи ако се знае дека ние имаме ваков капацитет и за што е потребно донесување на подзаконски акти за подобро регулирае и на оваа област на нашето делување – рече Абдурахмани.

Во рамките на денешната псоета на тетовско, министерот Бектеши со соработниците ги посети и се сретна со управите на компаниите Авто – Цем и Металекс во Тетово. За време на разговорот со сопствениците на овие компании се нагласи недостигот на нов кадар за овие профили, додека министерот Бетекши ги информираше сопствениците на овие компании дека тој како министер, но и како влада се заинтересирани да најдат најдобри механизми за решавање на овој проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања