Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Министерот Димковски им вети на одгледувачи на овци дека денеска ќе се исплатат субвенции на 3213 сточари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
87518070_494771631475567_7878378890396172288_n

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Дихово од кадешто ги известија сите одгледувачи на овци дека денеска ќе се изврши исплата на субвенции за обележани грла. На сметките на 3213 сточари одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда.

„На сите сточари им благодарам за активниот допринос за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла,  набавка на потребна опрема за производство и се она што им е потребно за  да го развиваат сточарството.

— реклама —

Ние како надлежни институции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжиме и во наредниот период да ги исполнуваме нашите обврски, со што сите заедно ќе допринесеме за развојно и одржливо сточарско производство.“- Изјави министерот Димковски.

Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.

— реклама —

“Со оваа исплата од почеток на мандат до денеска исплативме 381,4 милиони евра  во агро – секторот. Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции. Средствата се исплаќаат согласно календарот и во време кога им се најпотребни на земјоделците“- Изјави директорот Бабовски

Ова е само уште една потврда дека субвенциите  се исплаќаат навремено и неселективно.

фото: МЗШВ

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања