„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерот Едмонд Адеми се обрати на 40. генерална конференција на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16112019_Ministerot-Edmond-Ademi_UNESKO_1

Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, денеска во рамките на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, имаше обраќање на генералната дебата, во кое ги реафирмираше позициите на нашата држава во однос  на членството во оваа организација, како и имплементацијата на зацртаните цели и обврски кои произлегуваат од тоа.

— реклама —

Во својот говор, министерот Адеми уште еднаш ја потврди посветеноста на нашата земја кон вредностите и одлучувачката универзална улога на УНЕСКО во културата, образованието, науката и комуникациите.

— реклама —

„Ја зајакнуваме нашата вклученост, во многу од овие области, како алатка за постигнување мир и одржлив развој“, истакна тој.

Осврнувајќи се на приоритетите на државата на надворешно-политички план, Адеми нагласи дека Северна Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела, вклучувајќи го и УНЕСКО. Од 2017 година, додаде тој, земјата се стреми да има активна улога во севкупните процеси во Огранизацијата, како дел од нашата насоченост кон функционална мултилатерална соработка.

„Луѓето треба да престанат да ги гледаат Обединетите нации, како чудна апстракција на Пикасо, туку како уметничко дело кое самите го создале“, нагласи министерот, цитирајќи го вториот генерален секретар на ОН, Даг Хамарскјолд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања