„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерот Филипче на Глобален самит за вакцинација во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, сопругата на Претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, учествуваат на Глобалниот самит за вакцинација што денеска се одржува во Брисел. Самитот го организира Европската комисија во соработка со Светската здравствена организација, а под заедничко покровителство на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

— реклама —

Главната цел на самитот е да се даде видливост на повисоко ниво и политичко влијание на темата вакцинација, што претставува најуспешната мерка за јавното здравје и заштитува милиони животи секоја година. Истовремено го демонстрира ставот и лидерство на ЕУ кон глобална посветеност на вакцинацијата, ќе ја зајакне политичката посветеност кон елиминација на болести што се спречуваат со вакцините и ќе ги ангажира политичките лидери и лидери од научното, медицинското, индустријата, филантропското и граѓанското општество во глобална акција против ширењето на дезинформациите поврзани со вакцините.

Вакцинацијата е најуспешната мерка за јавно здравје во модерното време. Темите на панел дискусијата околу која излагаат панелистите се однесуваат на глобалната стратегија зголемување на довербата во вакцините, засилување на истражувањата за вакцините, развој и иновации и создавање глобален одговор за осигурување на јавното здравје, безбедност и просперитет преку имунизација.

— реклама —

На Самитот се присутни околу 400 учесници од целиот свет, вклучувајќи политички лидери, високи претставници од ООН и други меѓународни организации, министерства за здравство, водечки академици, научници и здравствени професионалци, приватниот сектор и невладини организации.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања