Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Министерот Исмаили на отворањето на Меѓународниот конгрес на општествени науки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
65395372_2514074268616635_3086838737036902400_o

Министерот за култура Хусни Исмаили, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на 5. Меѓународен конгрес на општествени науки кој оваа година во соработка на Меѓународниот Балкански универзитет, Универзитетот на Тракија, Универзитетот Намик Кемал од Текирдаг и Универзитетот Мармара се одржува во Скопје.

Во своето поздравно обраќање министерот Исмаили го изрази задоволството од досегашната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција која се одвива во духот на пријателството и традицијата, со постојани заложби за нејзино унапредување.

— реклама —

Министерот Исмаили говореше за непроценливата важност што културата, науката и образованието ги имаат во градењето на пријателство и доверба помеѓу земјите од светот, споменувајќи ги бројните заеднички реализирани проекти во културата, уметноста, издаваштвото, соработката со ТИКА, како и соработката во областа на образованието и размената на искуства што претставуваат светол пример и афирмација на универзалните вредности кои, пак, помагаат за поголемо взаемно почитување, запознавање и градење свет на толеранција, богат со различности кои меѓу себе се надградуваат создавајќи нов квалитет.

— реклама —

Покровител на Конгресот кој на Балканскиот универзитет се одржува денес и утре е Претседателот на законодавниот дом на Турција, проф.др. Мустафа Шентоп. На отворањето беа присутни и и амбасадорката на Турција во Скопје , Тулин Еркал Кара, минстерот за јавна администрација на Република Косово, Махир Јагџилар, заменик-претседателот на Собрание на Турската Република Северен Кипар, Зорлу Торе, високи гости од Турција, пратеници и професори од двете земји.

— реклама —

Конгресот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Турција, ТИКА, Институтот Јунус Емре, Унијата на општини на Турција, Општините Османгази, Бахчелиевлер, Сивас и Сулејманпаша од Турција, Туркиш Ерлајнс и Стопанската Комора на Измир.

Покрај протоколарниот дел ќе се одржат и три панели со учество на еминентните панелисти од земјава и од странство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања