Министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски е изненаден од реакциите на ААВМУ и медиумските асоцијации по најавите за тужби од неколкумина функционери од власта за порталите кои според нив „објавиле лажни вести и ја манипулира јавноста“.
Тој на својот фејсбук профил напиша:
Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста... Класичен пример на извор за лажни вести.
На порталот има реклама - линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?
Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?
И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.
Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.
А, за вистината и стандардите во медиумите...? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век, напиша на својот ФБ профил министерот Дамјан Манчевски.
https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/2470095199693192