Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers“ по големиот успех во Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_8403

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers“, по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен FIRST LEGO League настан, кој се одржа во Либан. Станува збор за натпревар во едукативна роботика кој се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.

— реклама —

Министерот Манчевски го поздрави нивниот успех, и како што истакна тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата којашто поради „Space Walkers“ е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.

— реклама —

Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје.

— реклама —

Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.

— реклама —

„Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес“, рече министерот Манчевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања