Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Министерот Николовски на средба со земјоделците во Делчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_5549

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорите на надлежните институции во секторот земјоделство и со градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски , денеска имаа работна средба со земјоделците од делчевскиот регион. Фокусот на средбата беа актуелните состојби во земјоделството со акцент на овоштарството и сточарството , како и новите мерки во Програмите за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој за оваа година за сите земјоделски гранки. На трибината се дискутираше и за сите предлози на земјоделците и идните политики кои МЗШВ ќе ги преземе за развој на секторот.

— реклама —

Министерот Николовски на трибината информираше дека мерките што се преземаат во делот на овоштарството се по препорака на Европската унија, а една од измените е трансформирање на мерката за предадено овошје во основната субвенција по површина која во новата Програма за директни плаќања е зголемена, што беше прифатено од земјоделците на трибината. Воедно информираше дека до крајот на април ќе се исплати дополнителната субвенција од 2 денари за килограм, за правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои откупуваа сливи во 2018 година.

— реклама —

„ Владата и МЗШВ имаа слух кога беше проблемот со откупот на сливи особено во овој регион. После многу одржани средби и консултации со сите засегнати страни, тогаш за прв пат воведовме дополнителна мерка од 2 денари за килограм откупени сливи, која што Платежната агенција ќе ја исплати до крајот на април. Со воведувањето на оваа мерка се стабилизираше откупот на сливи. Се соочуваме со негативни последици од климатските промени со многу штети во земјоделството. По препорака на Европската унија, ја трансформираме финансиската поддршка за дополнителното производство во основната мерка. И кај сливите и кај праските затоа има зголемување на субвенциите. Од 33.000 на 36.000 денари по хектар, и за развојната категорија на овоштари со насади од 1 до 5 хектари субвенцијата е 39.600 на 42.600 денари по хектар“, порача министерот Николовски на трибината.

При тоа Николовски посочи дека преку мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој ќе се развива преработувачката индустрија во делот на земјоделството, која е важна за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на вишоците од земјоделски производи.

Во делот на сточарството, Николовски посочи дека бројот на добиток изминатите години бележи пад, и затоа сите политики што ги презема МЗШВ во консултација со сточарите се во насока на зголемување на бројот на добиток и развој на целиот сектор. Во врска со актуелната состојба со откупот на јагне, Николовски потенцираше дека МЗШВ ја следи состојбата и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци да трпат загуби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања