Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Министерот Перински се состана со градоначалниците од Источниот плански регион: Ме радува што општините покажуваат подготвеност за реализација на издржани проекти, изградба на патишта, регулација на р...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Perinski3-15072024

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион.

„Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за локална самоуправа Перински.

— реклама —

По разговорот со градоначалниците министерот Перински рече дека го радува тоа што општините покажуваат подготвеност за реализација на многу добри и издржани проекти, а со поддршка од Владата, заедно можеме да направиме многу повеќе за граѓаните и за развојот на секое населено место и општина.

— реклама —

Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците за можностите и за постапката за финансирање на проекти веднаш по ребалансот на буџетот на државата. Перински ги охрабри локалните власти да подготвуваат квалитетни проекти, кои што ќе произлегуваат од потребите на граѓаните. Тој истакна дека е неопходно општините да располагаат со добра проектна идеја, со целосна проектна документација и секогаш да ги имаат предвид приоритетните потреби на граѓаните зошто најважно е тие да се задоволни од сработеното. „Потребен ни е развој на општините за да се создадат нови, подобри, можности за граѓаните, за да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома“, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

— реклама —

Исто така беа споменати неколку проекти, кои се готови и за кои ќе се аплицира, како што се: изградба на нова обиколница во Штип, нов локален пат Делчево - С. Бигор, во должина од осум километри и регулација на две речни корита во Виница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања