Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше конвалесцентна плазма.
Оваа информација тој ја сподели на својот Фејсбук профил каде ги повика и останатите граѓани кои закрепнале од ковид-19 да донираат.
„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19. Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот. Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!“, истакна Спасовски.

извор: ФБ Оливер Спасовски