Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Министерот Тошковски на средба со државниот секретар на федералната германска полиција Бернд Кесер: Голема поддршка за борбата со криминалот и за патот кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-1

Денеска (18.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ Александар Јанев и државниот секретар во МВР Сашо Петрушевски одржаа работна средба со делегација од Сојузна Република Германија, предводена од државниот секретар на Федералното министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија Бернд Кесер.

— реклама —

Министерот Тошковски се заблагодари за огромната поддршка што Германија досега ја дава на нашата држава и на министерството за внатрешни работи и е една од државите од кои досега имаме добиено најголема поддршка во вид на донации, техничко-материјални средства и обуки. Тој потенцираше дека пред новото раководство на министерството за внатрешни работи претстојат големи предизвици во исполнување на главните приоритети како борбата со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби кои ќе бидат успешен услужен систем на своите граѓани, новата систематизација која ќе ја направи полицијата многу поефикасна, креирање на систем на континуирани обуки, дигитализација на голем број процеси во министерството и кон граѓаните и кон вработените.

— реклама —
— реклама —

Државниот секретар Кесер изрази надеж за реализација на амбициозните планови на министерството и потенцираше дека зголемувањето на ефикасноста на полицијата е важно за функционирање на правната држава. Во контекст на борбата со организираниот криминал, државниот секретар истакна дека освен ефикасна полиција, важна е и ефикасноста на судството и дека за зголемување на довербата во полицијата е важно зголемување на довербата во судството како нераскинливи делови на процесот во имплементација на законите, владеење на правото и правната држава. Во тој дел беше потенцирано дека поддршката кон достигнување на сите европски стандарди и процеси е тука и само ќе се унапредува.

— реклама —

Државниот секретар на крај изрази задоволство што заедничкиот дијалог ќе продолжи на Берлинската конференција во рамките на Берлинскиот процес, која ќе се одржи во септември, каде учесниците ќе имаат можност заеднички да разговараат и да носат одлуки за европската иднина на регионот на Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-55-8760PM

Полициска акција во „Макстил“: Под лупа почвата и суровините по сомнежи за еколошки криминал

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

„Мерцедес“ се превртел и удрил во дрво на патот Берово–Виница

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb10uhua2a5mle7hNCKg

Заталкано зрно од огнено оружје пронајдено во близина на куќа во Драчево

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Драма во Куманово: Полицаец со нож нападнал колега кој се обидел да го уапси

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања