Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Министерот Трипуновски и директорот на АХВ, разговарале за проблемот со кучињата скитници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
photo_2020-02-18_11-44-29

— реклама —
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, денеска остварил  средба со директорот на АХВ Зоран Атанасов. Тема на разговорот била работата на Агенцијата, но и за слабата соработка и слабиот проток на информации.

— реклама —
„Напоменав дека годишните наредби и програми за мониторинг не се донесени, иако веќе втор месец од 2020 година тече, а кои се исклучително важни за заштита на јавното здравје, безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Нотирав и за слабата контрола на свинскиот фонд во период кога Африканската чума кај свињите беснее во соседството, но и негрижата која ја гледаме од АХВ. Пасивниот надзор над дивите свињи не функционира. Нема мерки на граничните премини. Посочив дека треба да се зајакнат мерките за контрола со цел превенција да не се доведеме во ситуација како држава да ни угине целиот фонд на свињи и да направи огромни економски штети.

Укажав и на проблемот со бездомните кучиња, особено проблемот со бездомните кучиња на територија на град Скопје, каде е најголемиот проблем.

Град Скопје сега нема прифаталиште за бездомни кучиња и проблемите се чувствуваат, не поминува ден, а да нема нападнати граѓани, ниту пак има институција која ги заловува кучињата скитници со цел нивна кастрација и вакцинација.

Проблемот со кучињата скитници е огромен. Преку 6000 кучиња скитници во Скопје се по улиците, а немаме воопшто прифатилиште кое што ќе работи за нивно згрижување и третман.

СДСМ вети дека ќе го реши проблемот со бездомните кучиња, а веќе 2 години е без прифатилиште и без воспоставен систем на контрола и грижа на популацијата на бездомни кучиња,вели Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, ЦветанТрипуновски.

фото: Цветан Трипуновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања