Министерот Хоџа ќе достави предлог до Владата за измена на Законот за тутун, со цел продолжување на рокот за откуп на тутун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0469

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

— реклама —

Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.

— реклама —

„До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден очекуваме 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа сезона.

— реклама —

Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, јас ќе и предложам на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март. Така ќе добиеме време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Реално гледано, ние и јавно кажавме дека во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп“. Изјави Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.

фото: МЗШВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања