Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Министерот за култура Адеми присуствуваше на изложба на актефакти и на концерт во Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
47686509_2193426710681394_7215010711808770048_n

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Асаф Адеми синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, која е организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.

— реклама —

Изложбата, која е поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди" во Истанбул, е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.

— реклама —

Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата.

— реклама —

Во рамките на настанот, концерт одржа музичкото дуо „Скупи“, кој беше проследен со особен интерес од страна на присутните гости.

Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри. Во согласност со Договорот, Република Македонија добива простор во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим. Република Турција го добива на привремено користење културното добро „Куршумли ан“, кое ќе биде и комплетно реставрирано. Отворањето на културно-информативните центри е една од низата активности чија цел е продлабочување на културните врски меѓу двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања