Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерот за одбрана на Германија бара заштита на доверливите податоци од АфД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library81r7an7op8f6bKyCCyM
wikimedia commons

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека се разгледуваат мерки со кои би се спречило крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да добие пристап до доверливи државни информации доколку во иднина стане дел од власта.

— реклама —

Во интервју за германскиот весник „Билд“, Писториус рече дека ваквиот став се темели на, како што оцени, блиските врски на АфД со Русија и рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

„Интензивно го разгледуваме прашањето кому може да му биде дозволен пристап до доверливи информации. Тоа е наша обврска бидејќи станува збор за безбедноста на државата“, изјави министерот.

АфД, која во моментов е најголема опозициска партија во Германија, во неколку сојузни покраини е предмет на истраги од домашните разузнавачки служби поради нејзините екстремистички и антиимиграциски ставови.

— реклама —

Сите водечки германски политички партии и натаму одбиваат каква било соработка со АфД, придржувајќи се до таканаречениот „заштитен ѕид“ кон крајната десница. Канцеларот Фридрих Мерц повеќепати нагласи дека нема да влезе во коалиција со оваа партија.

— реклама —

Во септември годинава во покраините Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Предна Померанија ќе се одржат регионални избори, на кои АфД се надева дека ќе освои мнозинство и за првпат ќе формира покраинска влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања