Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Министерство за финансии: Со прогресивниот данок најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-soopshtenie

Со воведувањето на прогресивен данок во Македонија ќе се обезбедат дополнителни средства за воведување на минимален гарантиран приход, со што најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории на граѓани, се наведува во соопштение на Министерството за финансии.

— реклама —

Оттаму истакнуваат дека најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите.

— реклама —

„Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%“, објасни на прес-конференцијата за даночната реформа Министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Со ова, како што информираат од ресорното Министерство, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10%.

Дополнително, се предлага зголемување на даночното ослободување кај платите и пензиите. Делот на кој не се плаќа данок би се поставил на 8.000 денари.

„Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата што остваруваат доход од плати и пензии, особено оние со ниски примања. Со воведувањето на прогресивниот данок и минималниот гарантиран приход, ќе се намали јазот помеѓу најсиромашните и најдоходовните граѓани“, појаснуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека се предлага и различен третман за доходот од труд и доходот од капитал.

„За доходот од труд, се предлага дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Најголемиот дел од граѓаните живеат од својот труд, при што најголем дел од нив имаат доход под 90.000 денари. За доходот од капитал, пак, се предлага единствена даночна стапка од 15%. Најголем дел од овој доход (имот и дивиденди) завршува кај најдоходовните 1%, и оваа категорија граѓани остварува поголем дел од својот доход од капитал, отколку од труд“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања