„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Министерство за одбрана: Минатата власт имаше десет години да ја опреми АРМ, но не го стори тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Од министерството за одбрана реагираат на нападите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Вчера од партијата истакнаа дека Радмила Шекеринска со нетрпение чекала нови гуми, додека војниците биле без елементарните работи.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ нека не се грижи за АРМ. Ако толку им беше грижа, имаа време од десет години да ја опремат, осовременат и да ја модернизираат одбраната. Но, за време на нивното владеење единственото нешто за што им беше грижа беше како да ја засилат полицијата за да може да изградат бедем околу нивната криминална влада, незаконски да прислушуваат, да следат и да заплашуваат.

— реклама —

Ние објавуваме за набавки на гуми за армиските возила и за обувки за војниците токму затоа што во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ такви набавки не се ни вршеле. Таква состојба наследивме, оттаму и почнавме.

— реклама —

Но, да ја потсетиме партијата ВМРО-ДПМНЕ чие довчерашно раководство половина е во притвор, а половина во бегство од правдата, дека ние го зголемивме и буџетот на одбраната за 15 проценти, ги зголемивме платите за 10 проценти, а идната година за уште 5 проценти, го вративме плаќањето на дежурствата, ја вративме јубилејната награда, во рекордно време изготвивме Стратешки одбранбен преглед. Од безнадежен случај, земјата за една година ја доведовме на прагот на НАТО. Што направивте вие господа додека бевте на власт?

Јасно е дека не се истакнавте ни во оваа сфера, како ни во останатите, а сега се гледа и зошто. Додека јавноста е вџашена од вртоглавите суми од повеќе десетици милиони евра кои се изнесувани од државата од страна на ваши видни членови во претходната власт, измислувате приказни со цел да ги задушите вестите за оваа пљачка без преседан во македонската и во европската историја. Оттука, и вашето потсмевање со набавените гуми за армиските возила е само уште една демонстрација на арогантен однос кон припадниците на АРМ кои ја делат судбината со останатите граѓани на земјата што ја опустошивте“, велат од министерството за одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања