Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Министерство за правда демантира дека Дескоска пристигнала на митингот со службено возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерството за правда ги демантира наводите на ВМРО – ДПМНЕ и во дел од медиумите дека министерката Дескоска на централниот митинг на СДСМ пристигнала со службено возило.

— реклама —

,Денеска, во дел од медиумите беше пренесена лажна вест дека министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска го користи службеното возило за да оди на собирот за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

— реклама —

Ваквите објавени содржини се манипулативни и невистинити, најостро ги демантираме и бараме најпрвин повлекување на ваквата вест, а потоа и јавно извинување од страна на оние кои ја споделија веста без да направат проверка на фактите.

Сите знаат дека службените возила на министрите, како од претходната влада, така и оваа, се Фолксваген - Пасат, а не како што се тврди лажно со објавената слика во која министерката влегува во возило “Мерцедес”, кое е во приватна сопственост.

— реклама —

Воедно, во оваа прилика сакаме да потенцираме дека лесно може да се провери сопственоста на возилото, дека истото не е дел од возниот парк на Министерството за правда, ниту пак Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ниту пак на било која друга јавна институција.  На денешниот митинг, министерката отиде со приватно возило на нејзин сопартиец кој одеше на истиот митинг.

— реклама —

Единствениот кој досега се возеше во она на “М” купено со државни средства, е бегалецот од правдата, г. Никола Груевски. “ , се наведува во демантот на Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања