ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Министерство за здравство донесе наредби - мобилизација на сите здравствени установи и спроведување на задолжителна самоизолација со давање писмена изјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-10

Денеска Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008 и 51/2011), член 55 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на Република Македонија број 66/2004,139/2008,99/2009,149/2014,150/2015 и 37/2016) донесе НАРЕДБА за мерки за мобилизација, организација и распоред на работата и работното време, промена на работни места и услови на работа на здравствени установи и нивни вработени и на приватните здравствени работници во состав на мрежата на јавно здравствените установи, а во врска со користење на медицинско – техничката опрема и останати медицински средства во согласност со потребите и мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирус COVID-19.

— реклама —

Во случај на привремен распоред на работа во согласност со став 1 од оваа наредба, здравствените работници и соработници треба сите права и обврски во врска со нивниот работен однос да ги остваруваат во матичната здравствена установа или по потреба ќе бидат мобилизирани во друга здравствена установа. Наредбата на Министерот за здравство стапува на сила денес, а нејзино непочитување повлекува одговорност.

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008 и 51/2011), член 13 од Законот за заштита на населението од заразни болести  (Службен весник на Република Македонија број 66/2004,139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016) и точка 8 од Нацрт - записникот од Деветнаесетта седница на Владата на Република Северна Македонија, број 44-2147/6, одржана на 14 март 2020 година, Министерот за здравство донесе писмена НАРЕДБА за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со Листата на светската здравствена организација на денот на кој патникот влегува во државата.

— реклама —

Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација секој државјанин на Република Северна Македонија ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.

Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација  повлекува одговорност.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања