„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Министерство за здравство: Компанијата Македонија лек залепила стари декларации на вакцините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vakcini

Вонредниот инспекциски надзор кој во изминатите два дена го изврши комисијата формирана по барање на министерот за здравство, Венко Филипче, покажа дека сите МРП вакцини со кои се имунизираат децата се со важечки рок и целосно безбедни.

— реклама —

„Надзорот изврши контрола во повеќе вакцинални пунктови и беа детално исконтролирани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот. Утврдено беше дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година.

Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата Македонија лек бил направен технички пропуст. Имено, компанијата Македонија лек, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата Македонија лек.

— реклама —

Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања