Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Министерство за здравство: Подобрени се условите во повеќе клиники

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bolnica-struga

Со последните активности на Министерството за здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа. Хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир се реновирани двете гинеколошки операциони сали првпат по четири децении. Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија.

Во овој процес се опфатени се и здравствените установи во другите градови, како Здравствениот дом Велес каде комплетно е обновена службата за Итна медицинска помош а во Општата болница во Куманово е отворен новиот Ургентен центар, комплетно нов објект изграден од темел.

— реклама —

Активностите околу подобрување на условите во јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги спроведува во континуитет со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем.

Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес. Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата. Градежните зафати од реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се комплетирани до 80% од целосното реновирање.

— реклама —

Како што е дефинирано според планот до крајот на годината ќе почнат работите и на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

Во периодот што следи уште 34 јавни здравствени установи во државата ќе бидат опфатени со активности за реновирање и подобрување на општите услови за работа. На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) веќе е почната постапка за набавка со која ќе биде опфатено комплетно молерисување на сите внатрешни простории, поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци, замена на ѕидни и подни плочки и замена на галантерија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.

Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава и унапредување на условите за престој на пациентите, здравствените услуги, како и условите за работа на здравствените работници, здравството во Република Северна Македонија е подигнато на повисоко ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања