Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лажe и злоупотребува јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
venko-filipce

„Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство.

— реклама —

Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни.

— реклама —

Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител.

— реклама —

Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив.

Затекнавме здравствен систем кој е пеплосан од злоупотреби цели 11 години, немотивиран здравствен кадар, лекови од непознати производители и сомнителен квалитет, донесени со паралелен увоз. Затекнавме 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје. Затекнавме комплетно изгубена доверба на родителите и во квалитетот на вакцините и во здравствениот систем кој беше во тотален хаос“, велат од Министерство за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања