Промени тема
Контакт

Министерство за животна средина 30 дена не дава водостопанска согласност за мостот кај Безистенот во Битола, вели Бојкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
87277307_3047896908568084_7901674118699810816_n

Денес, се навршува точно еден месец откако проектната документација за реконструкција на мостот кај Безистенот во Битола, чека водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, вели Бојан Бојкоски - советник во советот на општина Битола.

Општина Битола, иако во рекордно време ја подготви потребната документација, голготата низ лавиринтите на државните институции, започна од крајот на месец јануари. Откако проектот беше вратен од страна на Управата за заштита на културно наследство, и

ревидиран, конечно на крајот на февруари добиено е потребното конзерваторско мислење.

На 18 февруари, документацијата за мостот е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање, за потоа да може да се побара потребната документација за одобрување на реконструкцијата на мостот од Министерството за транспорт и врски.

Општина Битола, до овој момент нема добиено никакво официјално известување од страна на надлежните институции. И додека службите во општината ја чекаат документацијата, а граѓаните мостот, опструкциите од централната власт се евидентни, поткрепени со факти.

— реклама —

Наместо соодветно укажување кое треба да биде испратено од страна на министерството за животна средина до општината, на седницата на совет пред два дена, преку СМС пораки, советник од СДСМ, јавно не извести дека, замислете Министерката за култура во 18.00 часот попладне, знае дека општината нема да ја добие потребната согласност од животна средина, а предметот ќе биде вратен заради наводно некомплетна документација.

Се поставуваат прашањата:

Како министерката за култура, во 18.00 часот попладне има информации од Министерството за животна средина кои значат одолговлекување на постапката за реконструкција на мостот, а службите во општината не располагаат со овие информации?

— реклама —

Дали на овој начин се врши организирано опструирање на динамиката на реализација на проектот од страна на државните институции предводени од СДСМ против локалната самоуправа, со која раководи ВМРО ДПМНЕ?

Почитувани,

— реклама —

Организираното непостапување и максимално продолжување на сите законски предвидени рокови од страна на државните институции, значи директна опструкција и врз граѓаните на Битола.

Апелираме, професионалноста и експедитивноста на институциите да ги надминат партиските интереси, а започнатите постапки да се завршат во најкраток рок, затоа што во спротивно не се врши опструкција само на локалната самоуправа во Битола, туку и на

сите битолчани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања