Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Министерството за информатичко општество потрошило 6,5 милиони евра на тендери на кои најчесто јавувала само една фирма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Во периодот од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала. До овој податок дошол независен ревизор анализирајќи 18 договори по случаен избор вредни 6,5 милиони евра. На 14, од вкупно 18 тендери, се јавила само една фирма.  Во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за одредена набавка, била иста со сумата што ја понудила одредена компанија. Министерот за информатичко општество, Азир Алиу, кој денес на прес-конференција ги презентира наодите на ревизорите, вели дека во следниот период ќе бара начин да ги поттикне компаниите да даваат свои понуди на огласите.

— реклама —

„Ова влијае на конкурентноста и на изборот. Државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Во наредниот период ќе организираме средби, на кои ќе ги информираме навремено, уште во фаза на анализа на пазарот, сите компании што ќе бидат заинтересирани за да може понатаму во постапките да се заинтересираат и да одговараат на нашите повици“, рече министерот Алиу.

Тој веќе имал средба со претставници на Стопанската комора за овој проблем. Побарал објаснување од компаниите зошто не се заинтересирани за учество на тендерите од државните институции.

— реклама —

„За жал, одговорот од некои од нив е дека немаат доверба во институциите и не трошат ресурси да се пријават. Сега од тендерската документација е очигледно за која компанија е огласот“, вели Алиу.

— реклама —

Се разочарал кога му било посочено дека министерот не може да го прекине процесот иако има само една компанија, која не продолжува на јавно наддавање оти нема со кого да наддава, па смета дека и оваа фаза од постапката треба да се подобри.

Министерот Алиу најави дека и самите ќе прават анализа на склучените договори за да најадат начин за подобрување на состојбите.

— реклама —

Наодите од ревизорскиот извештај, во кој има забелешки и за неекипираноста на Министерството, е објавен и на веб-страницата на Министерството за информатичко општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања