Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува на целата територија на Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mnr

Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со коронавирусот во Италија, Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува на целата територија на Италија.

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, МНР препорачува зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

— реклама —

МНР информира дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на ковид-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.

— реклама —

„Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со ковид-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk“, се наведува во соопштението.

фото:

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања