Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Министерството за правда ќе подготвува Закон за надоместок на жртвите од кривични дела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денеска се одржува вториот ден од меѓународната конференција на високо ниво во рамките на стратешкиот дијалог на регионална соработка за борба против недозволената трговија. Клучната порака која ја испрати министерката Дескоска во денешното обраќање е дека Министерството за правда планира изготвување на Закон за надоместок на жртвите од кривични дела.

— реклама —

Министерката Дескоска ги презентираше предизвиците со кои се соочуваме како држава во поглед на недозволената трговија, и го презентираше инстуционалниот одговор против ваквата трговија - активностите кои Владата на Република Македонија ги презема во справувањето со сите облици на недозволена трговија.

— реклама —

Според министерката, недозволената трговија претставува комплексен проблем кој во себе вклучува голем број сегменти како трговијата со луѓе и мигранти, недозволената трговија со оружје, дроги и културни добра и слично.

— реклама —

Во таа насока, министерката истакна дека во нашиот правен систем се вградени сите механизми за успешно справување со организираниот криминал, како: заштитата на сведоци, одговорноста на правните лица, проширената конфискација, посебните истражни мерки и други бројни алатки кои им ја олеснуваат работата на органите на прогонот.

- Не смееме да ја заборавиме и другата страна на овој вид криминал, посебно кај трговијата со луѓе, а тоа се жртвите. Би сакала да ве информирам дека во Министерството за правда е планирано изготвување Закон за надоместок на жртвите од кривични дела. Исто така во измените на Кривичниот законик кои се во тек, согласно препораките на ГРЕТА вградуваме одредби за неказнување на жртвите од трговија со луѓе за нивна неказнивност за сторени дела поврзани со нивната позиција на жртва – потенцираше Дескоска.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања