Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Предлог Законот за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на ЕНЕР. Донесувањето на Закон за дополнување на Законот за јавно обвинителство произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот, соопшти денес Министерството за правда.


— реклама —

Како што стои во соопштението, измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување.

— реклама —


Како што е познато, велат оттаму, Министерството за правда според  Законот за судовите врши  редовен надзор врз функционалноста на АКМИС во судовите. Министерството за правда по спроведените надзори во судовите, изготвува записници и истите јавно ги објавува на веб страната на Министерството за правда и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија. Исто така, Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страната на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања