Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Министерството за правда побара одговорност од претседателот по изгорената архива во кумановскиот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
347613782_709155224553637_8762994326614956248_n

Министерството за правда во отворена реакција преку јавноста го предупреди Судскиот совет дека пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување на одговорност и санкционирање на в.д. претседателот на Основниот суд Куманово за констатирани злоупотреби на АКМИС системот за прераспредлеба на предмети. Ова следи откако преку нож изби пожар во зградата на кумановскиот основен суд и пеплоса архивата.

— реклама —

Министерството за правда информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.

— реклама —

„Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа, користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот“, реагира министерството.

— реклама —

Министерот за правда Кренар Лога на 11 април еднаш веќе испратил писмен допис до Судскиот совет со барање за преземање на соодветни мерки. Во Извештајот се наведени злоупотреби на АКМИС системот и исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети. Лога на 22 јуни реагирал уште еднаш ургентно на 22 јуни

— реклама —

„Министерството за правда уште еднаш го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството“, додава министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања