Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Министерството за правда: Процесот на изготвување на новиот кривичен закон е целосно инклузивен и транспарентен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Работната група за изготвување на новиот кривичен законик е самостојна во своето работење и досега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.


— реклама —

„Во однос на ставот на ‘Блупринт’, сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што, како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето што го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат“, истакнуваат од Министерството за правда.

— реклама —


Според нив, процесот на изготвување на новиот кривичен закон е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство.

— реклама —

Оваа обврска, како што велат, произлегува исто така и од билатералниот скрининг со ЕУ за донесување комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања