Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерството за здравство бара извинување од „Лидер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
nov-skandal

Министерството за здравство бара извинување од „Лидер“. Во дописот кој го испратија денеска се вели:

Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции е процес којшто се водеше транспарентно, согласно Законите за јавно-приватно партнерство и концесии, Законот за јавни набавки и други.. Постапката е започната со одлука на Владата на Република Северна Македонија и во текот на целиот процес и чекор беше транспарентна во реализацијата.

— реклама —

Во оваа постапка, за главна цел е намалување на болничките инфекции преку набавка на инструменти за хируршки зафати, чистење на хируршки сали, изнесување на биолошки и медицински отпад и негово соодветно третирање до комунален отпад. Не станува збор ниту за реагенси, ниту за лабораториска опрема.

Кога станува збор за тендерот за реагенси, ве потсетуваме дека ставот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.

— реклама —

Тендерот со реагенсите беше поништен уште во фаза на евалуација. Истиот не е повторно започнат.

Од вас како медиум, бараме извинување поради:

- Изнесување грешни информации

— реклама —

- Поврзување на две независни постапки

- Креирање на текст што се базина на шпекулација, а не ја отсликува реалната состојба

— реклама —

Сите постапки во Министерството за здравство се водат јавно и транспарентно.

Пред изнесување на какви било информации во јавноста поврзани со јавното здравство, во секој момент сме отворени за прашања и информации, како и досега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања