ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Министерството за здравство демантира дека Филипче „насилно“ ги натерал студентите да го чистат Клинички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерството за здравство ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“.

— реклама —

„Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу 40 волонтери на Црвен Крст, волонтери од невладината организација „Волонтерски центар–Скопје“, како и вработените во кабинетот на министерот Филипче,  лекари и здравствени работници од клиниките, кои работат во кампусот, во чест на 5 декември, Светски ден за поттикнување на волонтерството.

— реклама —

Сите останати граѓани, кои го делат нашиот ентузијазам и  нашата идеја, можат да ни се приклучат во акцијата.

— реклама —

Приоритет на министерот Филипче, како и на Министерството за здравство се децата и младите, затоа во ниту еден контекст не дозволуваме на каков било начин да се злоупотребуваат, особено од медиумите“, стои во соопштнието.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања