„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Министерството за здравство ќе ги централизира дејностите Онкологија и Радиотерапија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
onkologija

На 152. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип и Клиничката болница Битола, како и низ останатите градови во Републиката.

— реклама —

Овој чекор ќе обезбеди стручна, навремена и технолошки напредна радиолошка терапија за пациентите низ целата држава.

Централизирањето на дејноста е во насока на обезбедување поголема стручност во радиолошките терапии, максимална рационализација на средствата, со тоа што заштедата од еден ваков проект за идната година е  најмалку 140 илјади евра, коишто ќе може да се инвестираат во нова пософистицирана опрема.

— реклама —

Во подрачните одделенија, новоформираните центри ќе бидат опремени со современа опрема што е веќе набавена, а со неа ќе раководи високостручен кадар обучен за спроведување софистицирани радиотераписки процедури.

Министерството за здравство е во процес на подготовка на Aкциски план за реализација на инцијативата со конкретни чекори, рокови и правни модалитети.

Со последните заложби на Министерството за здравство посвети големо внимание на пациентите со најтешките, онколошки заболувања. Ваквиот начин на централизација ќе ги надгради капацитетите на подрачните одделенија, а пациентите и граѓаните ќе го препознаат како зголемување на капацитетите и квалитетот на здравствени услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања