Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Министерството за здравство објави јавен повик за патронажна дејност за медицински сестри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
medicinski-sestri

Со цел обезбедување на спроведувањето на патронажната дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност, да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство.

— реклама —

Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.

— реклама —

Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи - здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.

— реклама —

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа во која се изразува интерес да се врши работата според местото на живење.

— реклама —

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30.06.2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања